Сала на Александар Парк

ЗА НАС

Една историја што создава приказни...

Од 1964 година, покрај Градскиот парк во Виница, Александар Парк е сведок на љубови, пријателства и моменти што остануваат засекогаш.

ВИНИЦА · СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во ритамот на градот, веднаш до паркот.

Александар Парк е гостопримлива адреса за патници, семејства, пријатели и компании. Секое од четирите искуства има свој карактер, а сите ги обединуваат топлата услуга и препознатливиот амбиент.

НАШАТА ИСТОРИЈА

Од 1964 до денес

  1. 1964

    Темелите на Ресторан Парк

    Тука започнува приказната на овој угостителски објект.

  2. 1974

    Интензивна доградба

    Објектот ја доби својата препознатлива форма.

  3. 12 јули 1976

    Прв угостителски центар во Источна Македонија

    На 12 јули 1976 година објектот официјално беше отворен како прв угостителски центар во Источна Македонија – датум кој засекогаш остана врежан во сеќавањата на сите виничани и поширокиот регион.

  4. 1991

    Ноќниот живот во Ресторан Парк

    Со растот на интересот за ноќниот живот, во 1991 година во рамки на Ресторан Парк беше отворен диско со капацитет од 200 гости. Место на љубови, романтика и спомени – вистински симбол на градот.

  5. 2005–2015

    Деценија на тишина

    Во периодот 2005–2015 година, објектот беше затворен, но приказните и спомените останаа живи кај генерациите гости.

  6. 12 април 2015

    Нова ера – хотел-ресторан „Александар Парк“

    На 12 април 2015 година повторно ги отвори своите врати, овојпат во современ и модерен концепт – како хотел-ресторан „Александар Парк“, со четири ѕвезди и врвно гостопримство.

Уживајте, сакајте и создавајте свои приказни што ќе траат вечно.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА ПРИКАЗНА
Јавете сеЛокација